(Аудио)Криминалниот глас на Грујо вели: Миле, поразмислив вака. Можда боље е попретпазливо ова што викаше ти!

0
728

Grujo-vika-smetka

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Соговорник 2

 

Соговорник 2: Молам.

МЈ: Бојан?

Соговорник 2: Да кажете.

МЈ: Двете компании се во Македонија?

Соговорник 2: Двете, да. Едните си се тука, другите дојдоа само за овие 2-3 дена и си се враќаат назад во Кина. Така ми кажаа.

МЈ: Ај кажи му едните нека дојдат во 8, другите во 8.30 кај Владо.

Соговорник 2: Утре од сабајле?

МЈ: Не, вечерва.

Соговорник 2: Ама без понуди, така?

МЈ: Да, без.

Соговорник 2: Добро. Ајде сега ќе им кажам.

МЈ: Океј, нека дојдат.

Соговорник 2: Важи.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=J0st8pDQxTE[/youtube]

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

 

НГ: Миле, поразмислив вака. Можда боље е попретпазливо ова што викаше ти. Ало?

МЈ: Да, да ве слушам.

НГ: Можда подобро, попретпазливо. Кажи им вечерва ти на овие со кои што минатиот пат се заврши, со нив нели го имаш муабетот веќе.

МЈ: Добро.

НГ: Па после, ако они се послаби ќе ги гураме овие надоле другите, знаеш.

МЈ: Добро.

НГ: Ќе мора другите после да им викаме спуштајте, идете надоле, идете надоле, идете надоле, за да дојдат помалку од овие.

МЈ: Океј.

НГ: Добро е некако одма да не ги видат сите тие. Кога ќе достават мал број да ги видат, а не секој таму.

МЈ: Не, добро тоа го надминавме. Ќе ги достават кај Љупчо директно, а после ќе утврдуваме што-како. Владо мисли…

НГ: Ама зошто бе и Љупчо сеа, Љупчо…што, што Љупчо!?

МЈ: Кај нас може да ги остават.

НГ: Кај вас нека ги остават, ѕирни ги таму, кажи ни што е-како е, да видиме. Љупчо!?

МЈ: Владо мислеше да ги викнеме и да му покажеме на ливче, без дискусија, на двете.

НГ: Размислував сега вака, не на двете.

МЈ: Добро.

НГ: У право беше ти кога ми укажа прееска. Со едната да идеме, оваа што си ја знаеме, мислам како се вика, не ја знам, ти ја знаеш, не ми ја спомнуј сега.

МЈ: Да

НГ: Ааа, да ја играме таа игра како минатиот пат, а имаш право оваа другата ќе промрчи на тој тука што им е, нели имаат тука еден.

МЈ: Да.

НГ: Па тој ќе пише писма не знам каде, и така.

МЈ: Океј. Важи.

НГ: Ајде.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=PWUZpcjowc4[/youtube]

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Соговорник 2

 

Соговорник 2: Министре, во 8 ќе дојдат Synohydro, CWE во 8.30 ќе бидат таму.

МЈ: Откажи му на CWE, само Synohydro нека биде.

Соговорник 2: Само Synohydro?

МЈ: Да.

Соговорник 2: Добро, океј.

МЈ: Речи им дополнително ќе ги бараме нив, ако треба нешто.

Соговорник 2: Добро, во ред.

МЈ: Ајде.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=psaL_FxtVCA[/youtube]