АТП: Ѓоковиќ прв тенисер во историјата со над 16.000 поени

0
295

Победникот на последниот гренд слем во годината УС Опен, Новак Ѓоковиќ стана првиот играч во историјата на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), која собрал над 16.000 поени.

djokovi

Србинот со победата во финалето во Њујорк ја зголеми предноста на АТП листата над Швајцарецот, Роџер Федерер на 6.740 поени.

Најдобриот светски тенисер сега има 16.145 поени, Федерер е втор со 9.405 поени, додека трет е Британецот Енди Мареј.

njlje34656udzhn

Четврти сега е Швајцарецот  Стен Вавринка, кој собра точно 6.000 поени, а петти е Чехот Томаш Бердих, со 5.050 поени.

Минатогодишниот финалист Јапонецот Кеи Нишикори падна од четвртото на шестото место и сега има 5.015 поени, а некогашниот светски број еден, Шпанецот Рафаел Надал сега е седми со 3.770 поени.

Меѓу првите десет на најновата листа на АТП се уште и Шпанецот Давид Ферер, Канаѓанецот Милош Раониќ и Французот Жил Симон.

Минатогодишниот победник на УС Опен, Хрватот Марин Чилиќ падна од деветто на 14. место, додека неговиот сонародник, Иво Карловиќ по пауза од седум години се врати меѓу првите 20.

Кајгана