АТП : МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ОДЛУКИТЕ ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ, ШТЕТА Е ШТО НОВАК НЕ ИГРА ВО МЕЛБУРН, ИМ ПОРАЧУВАМЕ НА СИТЕ ТЕНИСЕРИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

0
262

Иако речиси цело време молчеше додека траеше сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, по денешната одлука тој да биде депортиран Асоцијацијата на тениски професионалци порача дека е голема штета што Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн.

-Денешната одлука да се поддржи одлуката за укинување на австралиската виза на Новак Ѓоковиќ го означува крајот на една длабоко загрижувачка серија настани. Конечно, мора да се почитуваат одлуките на правните власти за прашањето на јавното здравје. Потребно е повеќе време да се извлечат заклучоци и поука од оваа ситуација.

Без оглед како се стигнало до оваа ситуација, Новак е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт и неговото отсуство од Австралија опен е голема загуба за играта. Знаеме колку турбулентни беа изминатите денови за Новак и колку сакаше да го одбрани трофејот во Мелбурн. Му посакуваме сѐ најдобро и му се радуваме на неговото брзо враќање на терените. АТП ќе продолжи силно да им препорачува вакцинација на сите играчи, се вели во соопштението.