АТАНАСОСКИ: ПУТИН Е ЛУДАК ЈА УНИШТИ РУСИЈА И ГИ ОСАКАТИ РУСИТЕ

0
1648

ЛУДАК

Цели дваесет години неприкосновено да владееш со територијално најголемата земја во светот, со неограничени енергетски ресурси и извори, а на крајот да ја доведеш до редовен воен пораз од далеку помалубројниот и воено понемоќен сосед, и уште пострашно државата да ти се наоѓа пред граѓанска војна, панично бегство на населението како Авганистанците под налетот на Талибанците треба да си апсолутно невиден талент, ама на идиотизмот, глупоста, болноста, психосоматската душевна растроеност и ред други абнормалности на човечката нормалност и здравот разум.

Замислете со тие потенцијали и капацитети денес да имате вкупен БДП помал од тој на Италија, а БДП по глава на жител колку една смешна Бугарија! Наместо потенцијалите и ресурсите да ги насочите кон благосостојба на народот и подигнување на животниот стандард како секој нормален државник, вие ризикувате да си ја уништите државата и таква каква што ја имате, но и сиот свет.

Јас не знам дали лудакот на 21-виот век ќе заврши како Николај Романов во едно иронично-фарсично преповторување на руската историска трагедија, но убеден сум дека крајот ќе му дојде од неговите кои ќе сфатат дека ножот до коска е дојден и дека изборот е,, или тој или сите они “.

Се надевам, да не речам посакувам да заврши како Чаушеску. За да се спаси Украина и украинскиот народ, исто така и Руската федерација и рускиот народ со сите етноси и нации внатре и целиот преостанат свет. Елена може да биде патријархот Кирил. Чистата еманација на злото. Антоподот на Бог. Самиот ѓавол!