Thursday, May 15, 2025
15 C
Skopje

Атанасов : Антракс е болест присутна со децении – Нема потреба од паника

Појавата на антракс не е ништо ново, ниту невообичаено. И досега во земјава болеста била регистрирана. Присутна е тука со децении. Нема потреба да се шири паника и да се сее страв кај граѓаните, а уште помалку да се прави сензација, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Атанасов на прес-конференција нагласи дека нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе. Во селото Долно Строгомиште , општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени, спалени и нештетно отстранети. Кај уште четири угинати овци се уште се вршат анализи за потврда на болеста.

– Во земјава има 22 т.н. дистрикти во кои антраксот досега бил детектиран. И Долно Строгомиште сега спаѓа во оваа бројка од 22 области каде континурано се преземаат стандардните мерки што, меѓу другото, подразбира и задолжителна вакцинација најмалку 20 години, истакна директорот.

 Сепак, и покрај вакцинацијата, додаде, не е исклучена можноста од појава на болеста.

– За последниот случај во Долно Строгомиште резултатите од лабораториските анализи беа готови на седми август. Веднаш се излезе на терен и се спроведоа вообичаените мерки. Сакам да потенцирам дека ситуацијата е стандардна, не е ништо вонредно. Не треба да се бара сензација во целата оваа работа. Болеста е присутна тука со децении. Не може за секој откриен случај да излегуваме и да објавуваме. И бруцелоза имаме, исто е зоонозна болест. Секој ден откриваме нови случаи. Секој ден ли треба да излегуваме и да кажуваме, кога се знае дека има бруцелоза?, подвлече Атанасов.

Објасни дека антраксот е бактерија која се пренесува преку спорите. Тие се многу отпорни и во почвата може да преживеат долго време.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ