Thursday, January 16, 2025
-0.2 C
Skopje

АСАД ПОБЕГНА ОД ДАМАСК, БУНТОВНИЦИТЕ ЈА ПРОГЛАСИЈА СИРИЈА ЗА СЛОБОДНА

Претходно, бунтовниците изјавија дека презеле контролата врз клучниот град Хомс, а со влегувањето во Дамаск ставија крај на 24-годишното владеење на Асад  -Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, пишува Ројтерс. Бунтовниците во изјава наведоа дека го слават „ослободувањето на затворениците“ од воениот затвор „Седнаја“, симбол на режимот на Асад. Затворот се наоѓа во предградијата на Дамаск и беше место каде беа затворени илјадници опозициски активисти.

Претходно, бунтовниците изјавија дека презеле контролата врз клучниот град Хомс, а со влегувањето во Дамаск ставија крај на 24-годишното владеење на Асад. Сирискиот премиер Мохамед ал-Џалали изјави дека е подготвен за соработка со „ново“ раководство, што ќе биде избрано од народот. Тој посочи дека ќе биде во својата канцеларија за да го олесни „предавањето на власта“. Бунтовничките групи кои утрово влегоа во сириската престолнина соопштија за „бегството“ на „тиранинот“ Башар Асад, повикувајќи ги Сиријците во егзил во странство да се вратат во слободната Сирија. „Тиранинот Башар Асад избега“ и „го прогласуваме градот Дамаск за слободен“, објави коалицијата на бунтовнички групи на Телеграм.

ОВАА НЕДЕЛА

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СНЕГ И НИСКИ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ, ПРОГНОЗА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА

Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со...

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЕЛЕКТРОНСКА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ МЕЃУ МВР И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител...

ДЗР: ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ГАСИ ПОЖАРИ САМО СО ЕДЕН АКТИВЕН ПИЛОТ

Само еден активен пилот, наместо предвидените седум има Дирекцијата...

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ СЕ СРЕТНА СО СЕМЕЈСТВА НА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ