Арсовски: Имињата на хонорарците ангажирани од Владата ќе бидат објавени од понеделник

0
183

Владиниот портпарол, Душко Арсовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека имињата на 58-те хонорарци ангажирани од Владата, чијшто идентитет подолго време е заштитен од јавноста, од понеделник ќе бидат објавени. Како што кажа Арсовски, Владата досега не го откривала нивниот идентитет бидејќи станувало збор за невработени лица кои не се под заштита од Законот за работни односи.

„Откако се направени сите консултации и анализи е востановено дека преовладува јавниот интерес и дека овие имиња може да се објават така што од понеделник, преку слободен пристап за информации од јавен карактер може да се добијат овие имиња“, рече портпаролот Арсовски.