АРСОВСКА : ЈСП РЕДОВНО ИСПЛАЌАШЕ НА „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“, ПРЕВОЗНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ ОД ОНОЈ ШТО НАПРАВИ ЗБРКА ПА СЕ ПОВЛЕЧЕ

0
1812

Аросвска: Скопјани немаат соодветен јавен превоз зашто некој го блокира градот. Ако некој смета дека за претпоставени доверителски односи треба да излезе и да го блокира цел град, нормално е дека ќе имаат застој во сообраќајот, изјави Арсовска во интервју за  360.мк 360 Степени: Должи ли и колку должи ЈСП на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“?

Арсовска: Јас на телевизија видов луѓе што изјавија дека по неколку месеци не им е исплаќано. Граѓаните треба да знаат дека Град Скопје има договор само со едно правно лице и нему континуирано му се исплаќа, а еве ги секојдневните исплати. Е сега како, колку и дали тоа правно лице исплаќало, ние не знаеме. До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и инстуциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината.

Оној што ја направи целата збрка реши да се повлече, да се изолира и тоа доволно кажува. Ниту еден од овие луѓе кои велат дека сакаат чесно да си го заработат лебот нема да дозволиме да остане на улица. Но, некој да манипулира, да тера политика преку нив и да се обидува да го парализира градот, тоа нема да го дозволиме, особено не со закани и со уцени.“

Градоначалничката вели дека ќе ги исполни предизборните ветувања за бесплатен јавен превоз „кога ќе се надмине кризата“ 360 Степени: Кога бевте „во добрите“ со Мицкоски тој најавуваше набавка на еколошки автобуси преку грантови? Арсовска: Прашајте го Мицкоски. Не видовме никакви грантови или проект. целиот прилог погледнете го на 360 мк