АРСОВСКА : СЕ ГРАДАТ НОВИ УЛИЦИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ, НЕОПХОДЕН Е РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ

0
529
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција најави обнова на уличната мрежа и изградба на нова инфраструктура во општината Шуто Оризари, а како проект ја најави за првпат изградбата на крак 18 на улицата Македонско косовска бригада.

– Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со бројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на крак 18 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети ќе се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат 1165 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишни проблеми во овој дел од градот. Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања – истакна Арсовска.

Арсовска истакна дека главната цел на тековните градски градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.