АРСОВСКА : СЕ ГЛЕДААТ КОНТУРИТЕ НА ПАРКОТ ,,ДАМЕ ГРУЕВ” ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

0
346

🚧Веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров.

🌳Започнавме со засадување на првите украсни садници, а веќе е завршена изведбата на шеталиштата во првиот дел од паркот и насадени зелените површини.

⛲️Следува поставување на дополнителните содржини и поставување на осветлувањето. Паркот се простира на над 30.000 метри квадратни, исполнети со содржини кои скопјани ќе ги уживаат секојдневно.

🌲Зa неколку месеци од една од најголемите диви депонии во Скопје успеавме да направиме зелен рај.

#ЗаМодерноСкопје

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.