АРСОВСКА СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА ЗА ДОНИРАЊЕ ХРАНА НА СИРОМАШНИ

0
286

Заедно со волонтерите на здружението Љубезност, Град Скопје и РеТвитни оброк продолжуваат континуирано со обезбедување оброци за бездомните лица.

Град Скопје како град на грижа и солидарност продолжува со акцијата за обезбедување оброци на своите жители од социјално ранливи категории. Средствата кои порано се трошеа на репрезентации и угостителски услуги, сега се наменети за помош на граѓаните во социјален ризик.