АРСОВСКА : ПО КОЗМЕТИЧКОТО РЕФРЕШИРАЊЕ, МОСТОТ БЕЛАСИЦА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА

0
652

Наредната недела мостот „Беласица“ ќе може да биде пуштен во употреба за пешаци и возила, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

“Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот ‘Беласица’ ќе се санира многу брзо и едноставно. На мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот. Во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она коешто е најважно за нас“, рече Арсовска во вечерашното гостување во ТВ Сител.