АРСОВСКА НА ТЕРЕН СО ЕКИПИТЕ НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА ВО НОЌНА АКЦИЈА ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ

0
154
Продолжува акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во ноќните часови, кога има намалена фрекфенција на возила.

Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици се обновува и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици се поправени, а каде што има потреба поставени се нови сообраќајни знаци.

Според однапред утврдена динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација на сите сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.