АРСОВСКА : КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НИТУ МОЖАМ НИТУ САКАМ ДА ЈА ДОНЕСАМ ОДЛУКАТА ЗА ОТСТАПУВАЊЕ НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА НА ВЛАДАТА

0
322

Одлуката за времено отстапување на Универзалната сала на Владата од страна на Градот Скопје е одлука која јас како градоначалник ниту можам ниту сакам да ја донесам, кажа скопската градоначалничка Данела Арсовска пред почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје на чиј дневен ред ќе се најде и оваа иницијатива.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали би ѝ ја отстапила Универзалната сала на Владата, Арсовска рече дека таа од позиција на градоначалник нема можност да носи такви одлуки.

Иницијативата за времено отстапување на Универзалната сала од Градот Скопје на Владата беше поднесена од советничката група на СДСМ на почетокот на месецов со образложение дека доколку Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на објектот, тоа може да го стори Владата која е и финансиер на овој проект.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали би ѝ ја отстапила Универзалната сала на Владата, Арсовска рече дека таа од позиција на градоначалник нема можност да носи такви одлуки.

„Тоа не е одлука којашто јас како градоначалник можам или сакам да ја направам. Иницијативата беше покрената од советниците, како што впрочем ги покренуваат сите иницијативи, и за тоа тие самите треба да одлучат. Да видиме во која насока се движи дискусијата и кое е всушност барањето коешто претендираат да го постават на дневниот ред на денешната седница на Советот – рече Арсовска пред почетокот на денешната седница на градскиот совет.