Професорот Георгиев вели дека ситуацијата во градот е очајна и изрази недоверба во способноста на актуелната администрација да ги реши проблемите. Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка“, изјави универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21.
Тој ја коментираше одлуката на Владата да не додели средства од кредитот од Унгарија за Град Скопје. Како што нагласи професорот, ситуацијата во градот е очајна и изрази недоверба во способноста на актуелната администрација да ги реши проблемите. – Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи. Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал на следниот градоначалник – рече Георгиев.