АРСОВСКА : ЗЕЛС ПРВПАТ СЕ ПОЛИТИЗИРА ЗА ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ

0
401

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска смета дека нејзиното разрешување од функцијата претседател на Заедницата на единиците од локалната самоуправа е можеби најдобриот случај за потврда на коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, според неа, заедно одлучиле дека место неа некој друг треба да го води ЗЕЛС.

Арсовска, во интервју за МИА, посочува дека за првпат се политизира оваа функција и партиските интереси се ставаат пред интересите на локалната самоуправа, со тоа што се креира еден преседан кој ќе биде многу тешко и проблематично понатаму да се надмине и се трга една воспоставена пракса што досега била почитувано на страна од партиски интереси.

– И покрај тоа што сметам дека досега во работата којашто сме ја работеле во ЗЕЛС немало никакви застои, сето она што како Управен одбор сме го носеле како одлуки било почитувано, сите одлуки биле носени консензуално и со поддршка од сите засегнати на таа маса, тие одлучија дека било важно човекот што ќе го води ЗЕЛС да биде претставник од политичката партија којашто добила најмногу места на овие избори, потенцира Арсовска.

Во однос на влијанието во градскиот Совет на сето ова и како таа функционира без да ја има поддршката на мнозинството од советниците, со оглед на тоа дека по нејзиниот избор таа беше подржана од страна на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска вели дека советниците имаат одговорност да работат првенствено во интерес на граѓаните.

Никој не внимава дали во делот на водоводот, во делот на канализацијата, во делот сето она коешто е неопходно за граѓаните да имаат квалитетен живот, дали се запазени сите стандарди и затоа с

– Неопходно е она коешто било ветувано во предизборието и за што била дадена довербата од страна на граѓаните, да се реализира. Тоа е програмата за модерно Скопје коешто практично носи околу 300 предлози којшто треба да се реализира во интерес на сите жители во градот Скопје, за нивниот живот да биде и подобар и пофункционален. Она коешто досега го видовме е дека во самиот Совет се делува можеби под некои извесни партиски налози, иако сметам дека секој од советниците со сопствената совест би требало да одлучува и да делува во насока на реализирање на сето она коешто го има ветено за граѓаните, да не бидат водени од партиските заложби или политики, истакна градоначалничката.

Како последен пример таа го посочи случајот кога на последната седница на Советот на Скопје, советниците не го изгласаа предлогот за задолжување на Град Скопје за набавка на 50 еколошки автобуси.

Споре неа, во овој случај советниците не гласале за тоа што тие сами го нуделе и го подржувале пред да стапат на своите функции