Градоначалничката Данела Арсовска даде целосна поддршка за директорката на КХС, Косана Мазнева која како што соопшти таа веќе неколку месеци се обидува да се справи со како што вели мафијашките структури во јавното претпријатие.
-Она што сакам да го кажам во целосна одбрана на директорката Косана Мазнева е дека таа прво пред се ги детектираше сите неправилности, второ не е точно дека било каков револт бил дојден па потоа таа постапила. Таа постапи уште минатиот месец и тоа уште пред 25 јуни кога реагираше соодветно кога отпочна со сите постапки па отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа, вели Арсовска.
Целата јавност ги има фактите и аргументите за постапките во претпријатието потенцираше Арсовска, велејќи дека нема да дозволи никој да ги манипулира со случајот.
-Фактите ги имате аргументите ги имате, отказните решнија на овие мафијаши ги имате тие се од минатиот месец со кривичните пријави кои што им се уредно поднесени. И јас не дозволувам никој да манипулира тука, најмалку против една жена која што се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени кое било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани од оние кои што оние кои што ги водат се мафијашки структури да се обидат ова да го испревртат и да ја направат виновна за било што, додаде таа.
Арсовска истакна дека е за поздравување тоа што по 30 години некој се одважил да се справи со мафијашките структури во претпријатието.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека имало и притисоци и закани и уцени на нејзина дреса, но дека никој нема да потклекне под истите.
-Минатиот месец се превземени активности и тие отпочнаа со бунтови и реакции откако видоа дека тука нема повеќе шегување. Откако видоа дека никој нема намера да им попушти на притисоци, закани и уцени и затоа оваа жена денес треба да ја поздравите сите и да кажете дека браво за тоа што го направи и браво за начинот на кој што се справи со целата ситуација. Нема повеќе мафијаши да уценуваат, нема повеќе политички структури тука да си играат ниту со здравјето ниту со животот на граѓаните. И тоа што се собраа 50 луѓе од кои 30 не се вработени во претпријатието кажува многу, вели Аровска посочувајќи дека целиот град стои позади Мазнева.