АРСОВСКА : ЗАПОЧНА ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ПЕРО НАКОВ, ОВАА УЛИЦА Е НА ПОВВРШИНА ОД НАД 18.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ И ДОЛЖИНА ОД ДВА КИЛОМЕТРИ, СЕ ЗАМЕНУВААТ И ОШТЕТЕНИ РАБНИЦИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АВТОБУСКИТЕ СТОЈАЛИШТА

0
234

🚧 Се реализира првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков. Град Скопје ја реконструира оваа улица на површина од над 18.000 метри квадратни и должина од два километри, при што воедно се заменуваат оштетените рабници, а се врши и реконструкција на автобуските стојалишта.

✅ По оваа улица секојдневно се движат тешки товарни возила, а нивното движење предизвикува големи оштетувања на коловозот. Барањето за реконструкција се истакнуваше како децениски проблем за повеќе од 10.000 граѓани од месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, а со реализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

#ЗаМодерноСкопје

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.