АРСОВСКА : ГРАДОТ СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ОД КОЛОВОЗИТЕ НА БУЛЕВАРИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СКОПЈЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

0
261

Градоначакничката на Град Скопје. Данела Арсовска, по најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, во текот на изминатаат ноќ, одржа координативен состанок на терен со зимската служба на Градот Скопје и скопските јавни претпријатија.

На координацијата беше констатирано дека Градот Скопје е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови.

Град Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Се апелира до сите стопански субјекти и до граѓаните, да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните односно станбените објекти.

За потсетување во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.