
Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување на надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците.
Преку овие инвестиции се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, со што надворешните спортски терени, фискултурните сали и фитнес зоните стануваат одлично место за дружење и спортување.