АРСОВСКА : ВО МОМЕНТОВ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ, ГРАД СКОПЈЕ ГО РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ АСНОМ ОД КРСТОСНИЦАТА СО БУЛЕВАР СРБИЈА

0
438

Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на живот, животната средина, зголемување на градското зеленило и парковите површини.

🏞️ Во моментов во Општина Аеродром, Град Скопје го реконструира булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот, а паралелно со реализација на овој проект за жителите од овој дел на градот, градот подигнува нова паркова површина на 27.000 метри квадратни со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

🌳 Оваа паркова површина под надлежност на Град Скопје на 27.000 метри квадратни е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектите ветени во програмата За модерно Скопје.