Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

АРСОВА : СО БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА СЕ ПРЕДВИДУВААТ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗДРАВСТВОТО СЕ ПОСТАВУВААТ ТЕМЕЛИТЕ ЗА ЕКОНОМСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

„ Буџетот за 2025 година е реален и одржлив поставен на реални основи и вака креираниот буџет не предвидува расипништво со народните пари. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со ваков предлог буџет се грижи за ефикасно, домаќинско, транспарентно и општествено-корисно трошење на средствата“ истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Арсова посочи дека има пораст од скоро 20 % кај приходите од царинските давачки во однос на претходната година.

„Пораст од скоро 20% во однос на претходната година имаме кај приходите од царинските давачки. Социјалните придонеси се планирани на повисоко ниво, или за 11,3% се зголемени во однос на минатата 2024 година“ посочи Арсова.

Арсова истакна и дека планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката за пензии.

„Планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката за пензии, или во ставката за пензии во Буџетот за 2025 година имаме зголемување од 16,6%. Нашите повозрасни сограѓани кои целиот свој живот учествувале во градењето на државата заслужуваат достоинствен живот. Новата Влада дел од ветувањето за пензионерите го исполни и линеарно ги покачи пензиите на сите пензионери за 2500 денари, а со новиот Буџет е предвидено зголемување за уште 2500 денари кое ќе се случи со мартовската пензија“ истакна Арсова.

Арсова додаде и дека со буџетот за 2025 година се предвивдува финансиска поддршка кон сите општини.

„Со Буџетот за 2025 година Владата и понатаму предвидува средства за финансиска поддршка кон сите општини, 250 милиони евра се предвидени во овој Буџет за сите општини за капитални проекти. Ќе се инвестира во конкретни и реални проекти, и буквално ќе се гради во секој дел од Македонија„ потенцира Арсова и додаде:

„Еве јас како пример ќе ја посочам општината од каде јас доаѓам, општина Пробиштип, каде без разлика на тоа што градоначалникот на нашата општина е од Социјал демократскиот сојуз има аплицирано и одобрено 3 проекти со средства поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во вкупен износ од 30 милиони денари“ истакна Арсова.

Арсова нагласи дека се планираат инвестиции буквално во секоја област.

„Планираниот инвестициски циклус предвидува средства за  инвестиции во образованието, детска заштита и спорт, изградба и реконструкција на основни и средни училишта и спортски сали, изградба на детски градинки, реконструкција на ученички и студентски домови, инвестиции во ТИРЗ, отворање на нови и проширување на постојните капацитети, инвестиции во земјоделието здравството и тн“ заклучи Арсова.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ