Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

Арогантните суетни забегани Геро и Милчин нанесуваат колосална штета не само на прогресивните сили кои ја влечат Македонија напред, туку дури и ги вадат Груевци од лајната и калта каде со право се закопани

Со своето колосално претенциозно суетно вревење кое наликува на детско срдење и шизофрено падавичарење, суетните диносауруси Геро и Милчин нанесуваат гигантска штета на прогресивните сили кои ја влечат Македонија напред со сета сила туку дури и го прочистуваат и вадат од калта и режимот на Груевски со што за некој сантим се вадат од калта и гомната Груевци каде со право се закопани…

Со своето вревење и цкрање, овие двајца умислени гомнари кои мислеа дека по падот на режимот ќе бидат некакви лордови кои ќе бидат прашувани на дневна база за се и секој ден сите ќе им се клањаме, па откако од тоа ништо не бидна, сега плачат и вреват неподносливо, значи овие двајца дебили, со своето цркање анимираат илјадници нивни фанови кои потоа и они понесени од моментот цркаат и паничат иако никој не знае точно за што црка, и со тоа се снижува политичкиот рејтинг на владата која е пред клучен политички момент – промената на името, најважниот планински врв кој треба да се искачи и за кој земаме сила со месеци и за кој сите чекаат нестрпливо, од Скопје па се до Вашингтон.

Но тоа не е се, како во рекламата на Топ Шоп. Со своето комично вревење и паничење, сите неутралци па и самите симпатизери на СДСМ сега си велат, чекај ,ако овие вака цркаат за нашата влада, која е сосема солидна со мали грешки и лапсуси кои се нормални, дали тоа значи дека и владата на Груевски исто така беше релативно ОК но овие вревеле и крекале само затоа што воделе некаква лична војна против Груевски?

Замислете, колку клети копилиња, со своето однесување прават толку штета што почнуваме да се сомневаме дали Грујо бил сатрап и дали владата на ВМРО ДПМНЕ била диктатура?!?!

Секако, дилемата е само моментална збунка, секако дека Груевски беше лудак и неговиот тим беа психопати клептомани, сурови гадови. Не дозволувајте Геро и Милчин да ве збунат. Тие беа во право за критиките кон Груевски, но далеку се од вистината во критиките за владата на Заев.

Особено комично е што Геро го нарекува Милчин за лидер на отпорот. Секако дека тоа не е точно. Лидер на отпорот беше Заев, тоа и на малите деца во ВМРО ДПМНЕ им е јасно, смешно е што Геро се обидува вака да лаже и манипулира.

Исто така многу злобно е што го нарекува Заев лажов. Ова само покажува колку е Геро расипан човек, воден од својот бес, тој е способен да лаже и клевети, исто како што му се закануваше на Роберт Поповски дека ќе пишувал за неговото наводно силување во владата, така и сега почнува со првите директни оцрнувања и на Заев.

Ова е првиот новинарски РЕКЕТ на јавна сцена кој за возврат не бара пари, туку повеќе внимание и љубов. Милчин и Геро се како оставени љубавници кои за малку љубов се спремни да го убијат објектот на симпатии и обожавање! ЧИСТА ПСИХОДЕЛИЈА ДЕЧКИ!

Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел.Мк

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ЌЕ ОПФАЌА ПОВЕЌЕ ОД 800 ПРОИЗВОДИ

Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а...

ЛЕКАР И АДВОКАТИ „ШТЕЛУВАЛЕ“ МЕДИЦИНСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДА НАПЛАТАТ ОСИГУРУВАЊЕ

Лекар од тетовската болница и двајца адвокати ќе одговараат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ