АРМ со почесна стрелба го одбележа влегувањето во НАТО

0
140

Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната „Илинден“ во Скопје, денеска на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.

– Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.