АРИЈАНИТ ХОЏА : НЕМАМЕ НИШТО ПРОТИВ АЛТЕРНАТИВА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА, ДУРИ И ДА ГЛАСА ЗА АРИФИ

0
875

Во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 вечерва гостуваа министрите во Владата од ДУИ и Беса, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа. Фокусот на поголемиот дел од дебатата беше на Тетово, каде кандидатите на двете партии ќе се борат за градоначалничкото место во вториот круг од локалните избори.

Бектеши упати сериозни обвинувања до Алијанса за Албанците, критикувајќи го Арбен Таравари дека ги повикува гласачите на партијата да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да дадат поддршка на ДУИ.

Тој вели дека исто така нема ништо против доколку Алтернатива се приклучи на постоечкото владино мнозинство.

На ова реагираше Хоџа од Беса, кој рече дека Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да ја гласаат кандидатката за градоначалничка Теута Арифи и преку таа „врата“ да влезат во Влада, и Беса, исто така, нема ништо против тоа.

Хоџа рече и дека Беса „не му се лути на премиерот Зоран Заев“ за изјавата дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во Тетово, туку граѓаните ќе гласаат по свое убедување.