АРГЕНТИНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ГИГАНТ, РИВЕР ПЛАТА ПРОСЛАВИ ПОБЕДА НАД САНТА ФЕ СО САМО 11 ИГРАЧИ И БЕЗ ВИСТИНСКИ ГОЛМАН

0
145

Без вистински голман, со само 11 фудбалери, Ривер Плата забележа победа над Санта Фе од 2:1, во петтото коло во Д-групата, во Копа Либертадорес. По овој триумф, Ривер Плата се лидери во групата со девет поени, осум има Флуминенсе, шест Хуниор, а два Санта Фе.

Коронавирусот предизвика хаос во редовите на Ривер Плата. Во клубот 22 играчи се заразени, меѓутоа не успеаја да издејствуваат дуелот со Санта Фе да биде одложен.

Аргентинскиот тим настапи без голман и без резерви. Бидејќи сите голмани се позитивни, меѓу стативите застана поранешниот фудбалер на Бенфика и Валенсија, репрезентативецот на Аргентина, Енцо Перез.

Перз одлично си ја заврши работата, одбрани четири од петте удари кои противниците ги упатија кон неговиот гол.