АРГЕНТИНА Е НОВИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ВО СП ВО КАТАР 2022, ХЕРОЈ НА МЕЧОТ ГОЛМАНОТ ЕМИЛИЈАН МАРТИНЕЗ СО ДВЕ ОДБРАНИ ВО ПЕНАЛ РУЛЕТОТ

0
462

Селекцијата на Аргентина е новиот светски првак откако попладнево „гаучосите“ славеја над Франција, откако беа подобри по изведувањето на пенали.

Мечот кој заврши со резултат 3-3 по 120 минути одиграни, приреди неверојатни изненадувања и целосни резултатски пресврти.Во првиот дел од мечот темпото го диктираше Аргентина која по 36 минути имаше резултатска предност од 2-0 со погодоците на Меси и Ди Марија.

Сепак, Франција не се откажа и во рок од една минута преку Мбапе постигна два брзи гола и израмна целосно.Во судиските продолженија повторно Меси донесе предност од 3-2, но Мбапе во 118-та минута го израмни резултатот и мечот продолжи на пенали.

Меси, Дибала, Паредес и Монтиел беа прецизни од белата точка, додека пак за Франција погодија само Мбапе и Коло Муани.