АПСЕШЕ, ВРШЕШЕ ПРОГОНИ, ЗАЦРНУВАШЕ ЦЕЛИ ФАМИЛИИ, СЕГА ГО ФАЌААТ КЛЕТВИТЕ, СУДОТ ЌЕ БАРА ПРИСИЛНО СПРОВЕДУВАЊЕ ЗА ГРУЕВСКИ!

0
3390

Oсудениот Никола Груевски има рочиште дури во среда кога треба да се појави во суд за предметот „Титаник“. Но судот нема да чека до тогаш за да му биде врачено решението на Кривичниот совет со кое се одбива неговата жалба.

Од Кривичниот суд велат дека утре ќе ги направат последните напори да го пронајдат Груевски, но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.

„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од судот.

Извор: Фокус