Апостолова: Оливер Андонов е дел од актерите во акцијата против МИТ

0
1378

Кон нас се прави организирана хајка која е започната уште во февруари, а денеска во раните утрински часови доби кулминација, во која буквално се нападнати моето живеалиште, домот на моите родители во Македонски брод и универзитетот МИТ со сите три негови кампуси, два во Аеродром и еден во Центар, обвинува сопственичката на МИТ универзитетот, Билјана Апостолова.screenshot_2

Таа во изјава за НОВА тврди дека актерите на акцијата се веќе познати, а меѓу нив е и заменик министерот за внатрешни работи, кој до неодамна бил вработен на МИТ универзитетот, од 2011 година до 2016-та година.

„Ако Оливер Андонов, кој ни ја испрати првата инспекција на МИТ универзитет, смета дека МИТ работел неправилно и противзаконски, тој заедно со нас е исто виновник за незаконското и неправилното работење. Пет години да работиш на МИТ универзитет тогаш си соучесник во сите злодела кои сега сакаш да ги наметнеш на нас. За сите сегашни и идни дејствија кои тој ги спрема, сакам да му порачам дека ниту се плашам ниту ќе се плашам. Работиме според законот и бараме акредитации за факултети за кои одамна треба да добиеме акредитации“, вели Апостолова.

Заменик министерот Андонов преку медиумите ги демантираше обвинувања на Апостолова и ги нарече лаги.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

Извор : НоваТВ