Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

АПОКАЛИПТИЧНО ОГНЕНО ТОРНАДО БЕСНЕЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Огнено торнадо е снимено во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе четири дена е загрозена од големи пожари.

Феноменот е забележан во близина на градот Пацифик Палисадес, еден од најтешко погодените од катастрофалните пожари во кои според последните податоци загинаа 11 лица, додека уништени се 11.000 згради, објави Dailymail.

Иако денеска состојбата на терен е нешто подобра, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо. Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожарот, заедно со турбулентните ветрови, создава огнен вител, заедно со пепел и чад.

На видеото е прикажано вртливо огнено торнадо додека пламенот се шири кон планините Санта Моника. Огненото торнадо е снимено од новинарски екипи кои известуваат за ситуацијата на теренот.

Џозеф Бајден, американскиот претседател во заминување, пристигна во Калифорнија и рече дека бројот на жртвите од катастрофата веројатно не е конечен. Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ