АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА ,,РЕКЕТ” – БОКИ 13 И КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ЛЕЖАТ ВО ЗАТВОР, БОКИ 13 НА 13 ГОДИНИ А КАТИЦА ЈАНЕВА НА 7

0
812

Апелациониот суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. Со ова пресудата за поранешната сецијална јавна обвинителка, Јанева и Боки 12 станува правосилна и тие ќе треба да одат издржување на затворските казни, односно ќе добијат упатен акт за издржување на досудените казни. И Јовановски и Јанева се во домашен притвор.

-Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Апелациониот суд.

Инаку за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е осуден на 9 години затвор, а Катица Јанева на 7 години затвор. Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да заедно со Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор. Главен сведок во случајот „Рекет“ беше Камчев кој сега исто така е во притвор и му се суди за „Палцевите на Водно“, случај кој е дел од големата истрага „Империја“.