АПАСИЕВ : СПИКЕРСКОТО МЕСТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ Е МОЌНА ПОЗИЦИЈА, НЕ ЗА ЏАБЕ ГРУЕВСКИ НЕ ГО ДАДЕ

0
92

Мојот сопартиец и сопратеник Борис Крмов е „печен“ за да седне на спикерското столче, а јас лично немам интерес за таа позиција. Така што, најверојатно Крмов би го седнале таму, рече лидерот на Левица Димитар.

– Новинарите ме прашаа кој ресор би го барале за да учествуваме во формирањето на идната влада. А јас им одговорив дека не бараме ресор, туку дека ќе бараме спикер во Собранието. Знаете колку е моќна таа функција? Искрено, јас немам интерес за да бидам спикер, ама најверојатно Борис Крмов, кој ќе биде координатор на пратеничката група на Левица, би го седнале на спикерското столче.

Тоа е многу моќна функција и не за џабе Никола Груевски никогаш не ја даде. Таа е единствената незаменлива позиција. На пример, според Уставот, вие немате кој друг да свика собраниска седница освен претседателот на Собранието. И џабе вие имате мнозинство во Парламентот ако го немате спикерот. Така што, тоа е многу моќна и интересна позиција. Практично, го контролирате целиот законодавен процес преку само еден човек. Спикерската функција е многу помоќна од која било друга министерска позиција – рече Апасиев во поткастот на Плусинфо