Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

АПАСИЕВ СЕ НАДЕВА ДЕКА КОЛЕШКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ИНИЦИРА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДИИТЕ

Според најавите на Левица, во март пратеничката група и формално ќе побара средба со шефицата на државата во надеж дека идејата за измена на Уставот ќе наиде на прием кај професорката по уставно право.

Пратеничката група на Левица ќе бара помош од претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, таа да иницира измена на Уставот за судиите кривично да одговараат, откако во Собранието не помина дополнувањето на Кривичниот законик во тој дел.

Според најавите на Левица, во март пратеничката група и формално ќе побара средба со шефицата на државата во надеж дека идејата за измена на Уставот ќе наиде на прием кај Сиљановска-Давкова како професорка по уставно право. За кривична одговорност на судиите гласаа само четворица пратеници, еден гласаше против и немаше воздржани.

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасаиев во образложението зошто треба да се дополни Кривичниот законик, кој бараа да се донесе по скратена постапка, рече дека станува збор за мала но суштинска измена која се однесува на кривична одговорност на судиите.

-Наместо решение добиваме неконзистентна политика од власта – продолжување на мандатот на судиите од 64 на 67 години. Најголемите поплаки се дека нема доволно судии. До пред 10 години имавме технолошки вишок на судии, односно на милион и половина граѓани имавме 650 судии, а треба 400 и сепак имавме најбавна правда во Европа. Сега се околу 400 судии.

Има цитат од преофесор кој вели каква корист имаме од судии ако се принудени да се согласат со незаконски барања на власта. Потоа го имавме македонскиот феномен на судии од тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ. За да ѝ е појасно на јавноста привилегиите на судиите се плати од 2.500 евра, траен мандат, имунитет, службен стан, годишен одмор од месец и пол, полициска заштита, службена патна исправа и стипендии за дошколување.

Вакви привилегии нема ниеден сталеж во општеството. Тие се приврзоци на вашиот неправичен систем кој го воведовте во 2005 година дека судија не може да одговара, односно дека има апсолутна неодговорност за пресуда – рече Апасиев.

Апасиев Собрание/Фото: Слободан Ѓуриќ/ слободен печат

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ