АПАСИЕВ ОД БЛАГОЕВГРАД : ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ СЕ ОДВАЖИЈА ДА ДОЈДАТ НА ОВОЈ ИСТОРИСКИ НАСТАН

0
531

Даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Очекувам подобрување на односите затоа што во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата, изјави лидерот на „Ливица“ Димитар Апасиев кој присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

– Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија, рече Апасиев.