АПАСИЕВ : НЕ СТЕ ВМРОВЦИ АКО НЕ ЈА ЗБИБЕРИТЕ ОД ПОЧЕТОК, ТЕТОВО ТРЕБА ДА БИРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК

0
414

Жестоко е во собраниската сала.Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник може да се откаже од мандат, ако го нема.

Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите”, рече Апасиев и толкуваше дека градоначалникот на Тетово Биљал Касами немал право на своја рака да даде изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат, туку тоа требало да го констатира Собранието, а не Верификационата комисија.

,, Кога се кандидираме за пратеници, поднесуваме изјава до ДИК. Оваа изјава е неотповиклива до моментот на верификацијаа на мандатот. Значи не може да повлечете нешто што немате. Овие две изјави си ги потпишал Касами, сега се откажува од мандатот поради потреба. Која потреба? Сам се кандидираше за пратеник. Како можеш да се откажеш од нешто што го немаш? Вие како Верификациона комисија имате право да оспорите мандат, а не тој сам да си го оспорува.

По сила на закон, сега треба да има избори во Тетово за да се бира нов градоначаалник, бидејќи по Извештајот на ДИК Касами има мандат за пратеник.Што вели деловникот за одземање на мандат? Пратеник може да поднесе оставка, но Собранието мора да ја констатира без претрес”, рече Апасиев