АПАСИЕВ : МОЖЕ ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЧКА ВЛАДА, НО НИЕ ИМАМЕ ПРИНЦИПИ

0
432

Левица е подготвена по претстојните парламентарни избори да преговара со ВМРО-ДПМНЕ за формирање заедничка Влада, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервју за „А1он“.Околу потенцијална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ по изборите, Апасиев одговори дека сите опции се отворени.

„Ќе ги видиме условите. Ние преговараме принципиелно, ниту прв ниту последен пат. Ви кажав, ние сме прагматични, ние сме идеалисти до одредена граница и потоа прагматизмот не ни е туѓ, ние го покажавме тоа кога седнавме да ја куткаме владата на СДСМ и ДУИ. Таму имаше десничарски партии. Така што, ние сме незгодни играчи и после избори, сите опции се отворени“, рече Апасиев.Toj нагласи дека имаат принципи кои доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати, нема да има договор.