Анѓушев од Кавадарци: Го решивме долгогодишниот проблем со ФЕНИ, од должник денес комбинатот работи нормално, работниците имаат сигурни места

0
575
Првиот сериозен проблем со кој се соочив по влегувањето во кабинетот во Владата се викаше ФЕНИ, истакна вечерва на граѓанска трибина во Кавадарци заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
ФЕНИ беше фабрика која беше опљачкана, само на транспортерите им должеше 2,5 милиони евра, на банките им должеше 42 милиони евра а на сите останати субјекти 27 милиони евра. Денес, ФЕНИ работи нормално, долговите кон транспортерите и банките се исплатени, вработените имаат сигурни места. А наскотро се очекува да проработи и втората печка и капацитетот да се удвои. Горд сум што го спасивме ФЕНИ и ви честитам на сите вас кои бевте трпеливи низ целиот процес, порача Анѓушев.