Ги претставив позициите на Македонија, пишува на Фејсбук, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој учестуваше на панелот за безбедносни предизвици кој се одржа во американскиот Конгрес.
„Ми беше чест да се обратам во името на Македонија на дебатата во американскиот Конгрес на тема важноста на трансатланската соработка за безбедноста во Европа.
Организатори на настанот беа конгресмените Пит Сешнс и Боб Адерхолт, а свои обраќања имаа и колеги пратеници од Италија, Литванија, Австрија, Словачка, Украина, Албанија, Полска, Германија и други држави.
На настанот се обрати и министерот за животна средина Изет Меџити, а присуствуваа и пратеникот Благој Бочварски, како и министерот за здравство Таравари“, пишува тој на социјалните мрежи.