Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

АНКЕТА: ГОЛЕМО МНОЗИНСТВО ЕВРОПЕЈЦИ ПОДДРЖУВААТ ОДМАЗДНИЧКИ ЦАРИНИ ПРОТИВ САД

Истражувањето спроведено во Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство покажало дека ако тарифите на САД продолжат, големо мнозинство – 79 отсто од испитаниците во Данска и 56 проценти во Италија – се залагаат за одмазднички давачки за американскиот увоз.

Големо мнозинство од западните Европејци поддржуваат одмазднички тарифи против САД доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе огромни увозни давачки за главните трговски партнери, покажува ново истражување, а пренесува Гардијан. Трамп се очекува утре да воведе низа царини кои се разликуваат од земја до земја, нешто што тој го нарече „Ден на ослободувањето“.

Американскиот претседател, исто така, минатата седмица рече дека следниот ден ќе стапи на сила давачката од 25 отсто за автомобилите што се испорачуваат во САД. Многу европски фирми веројатно ќе бидат тешко погодени, пишува Гардијан. Некои, вклучувајќи ги и германските производители на автомобили и француските фирми за луксузни стоки и производителите на вино, шампањ и алкохолни пијалаци, се потпираат на извозот во САД до 20 отсто од нивниот приход.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ