Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

АНКАРА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД И ИРАН: „ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“

Турското МНР повтори дека иранската нуклеарна програма треба да биде предмет на дипломатија, а не воена сила, нагласувајќи дека единствено решение може да се постигне преку директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

Турција остро реагираше по американскиот воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки, предупредувајќи дека ескалацијата би можела да го претвори регионалниот судир во глобална војна.Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека е длабоко загрижено поради последиците од нападот и ги повика сите страни на итна воздржаност.

– Не смее да се дозволи проширување на конфликтот. Апелираме сите страни веднаш да ги прекинат нападите и да постапуваат одговорно – се вели во соопштението на Анкара.

Турското МНР повтори дека иранската нуклеарна програма треба да биде предмет на дипломатија, а не воена сила, нагласувајќи дека единствено решение може да се постигне преку директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

Во текот на раните утрински часови, САД изведоа најмоќниот напад досега врз иранската нуклеарна инфраструктура. Шест стелт-бомбардери „B-2 Spirit“ фрлија 12 бункерски бомби „GBU-57“ врз подземниот комплекс Фордо, а истовремено беа истрелани 30 крстаречки ракети од американски подморници врз постројките во Натанц и Исфахан.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека објектите се „целосно уништени“, додека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информираше дека нема зголемено ниво на радијација во погодените зони.Како одговор, Иран изврши ракетен напад врз израелска територија, со што конфликтот добива уште подраматична димензија.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ