Анегдота за Ѕинговата алапача, Владанка Авировиќ

0
5202

Една од најодвратните појави во македонскиот парламент, секако покрај Талат Џафери и Илче Гебелс, е Ѕинговата алапача Владанка Авировиќ.

Таа е веќе пратеник над 10 години, значи досега има земено плати во износ од фантастични 200 000 евра! Но поинтересно е што нејзиниот сопруг е 10 години директор на Скопски Паркови и Зеленило, значи и он има искеширано исто така 200 000 е за овие 10 години.

Сестрата па на нејзиниот сопруг е финансов директор во паркови и Зеленило?!?! Каде што овој е директор?!?!

Значи добро се омрсиле Авировиќи за време на овој режим.

Кој знае каде само се набутани нивните деца, сигурно се или судии или нотари или директори по разни државни фирми…

Но ние имаме една многу интересна анегдота поврзана со Владанка Авировиќ.

На една средба со една наша легендарна македонска бизнисменка, таа ни раскажа како на времето биле другарки на економски факултет во Скопје со Владанка Авировиќ и таа била многу атрактивна и паметна девојка тогаш?!?!?!

На наше големо чудење, бизнисменката ни раскажа дека и таа не можела да верува во што се претворила Владанка овие неколку години, и физички се здебелила и ментално лупала тешки глупости од собраниската говорница. Па самата и се јавила на мобилен пред неколку години и ја прашала што се случило со жената, зошто забегала до толку?

Во разговорот, Владанка со кикотење и одговорила дека сето тоа во собрание било само театар, бизнис, глума, тоа така сите правеле, егзистенција била во прашање?!?!

На ова бизнисменката и се налутила и ја извреѓала затоа што самата бизнисменка која ќе ја оставиме засега како анонимна, е голема жртва на режимот, беше и апсена лажно поради политички прогон, а нејзините фирми се сите под тешка блокада на режимот од сите можни контроли, а забрането и е да се јавува на тендери и да учествува на јавни аукции, земањето маркици за градба за неа е мисловна именка…

Поради политичкиот прогон таа мораше да го префрли дел од бизнисот во Бугарија а дел од фирмите и да ги затвори.

Ете едно другарство во младоста во што може да прерасне, еден ден другарка ти да помага некој да ти ја цица крвта… И притоа сето тоа да го објаснува како нормална работа, чист бизнис.

Извор : Мактел