Младиот македонски тенисер Андреј Темов претстојува во Мајорка, Шпанија во Академијата Рафаел Надал на тенискиот фестивал за тенисери до 12 години. Темов доби покана од организаторот и од Tennis Europe да биде дел од тенискиот фестивал за крај на годината. Поканата од организаторот ја доби врз основа на постигнатите резултати.
Како дел од тенискиот фестивал ќе се одржува и турнир за играчи до 12 години, на кој настапуваат најуспешните во оваа возрасна категорија. Вкупниот број на тенисери и тенисерки е по 32 во секоја конкуренција од вкупно 23 држави. Претстојот во Мајорка ќе биде големо искуство за малиот Андреј особено што покрај мечевите, ќе има можност и за тренинзи. Заедно со Андреј во Мајорка е и неговиот тренер Владимир Чубриноски.