АНДРЕЈ ПЕТРОВ : ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СЕ ОФОРМУВА ЕДЕН ОПШТЕСТВЕН ФРОНТ КОЈ ДРЖАВАТА ЌЕ ЈА ВТУРНЕ НАПРЕД КОН ЕУ

0
406

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во вестите на Сител телевизија истакна дека и покрај апокалиптичните прогнози дека владата ќе трае една недела, сега влегува во втора година, а и лидерот на опозицијата потврди дека ќе влезе и во трета година, со оглед на тоа дека изборите ќе бидат 2024 година.

Изминатиот период ситуацијата беше тешка, беше прашање дали ќе има парно во Скопје, дали ќе има струја, каква ќе биде ликвидноста на буџетот, со инфлацијата дали ќе изржиме, имаме војна на 1000 километри воздушна линија од нас, но генерално какви без очекувањата со многу вложен труд гледаме дека државата функционира и дека голем дел од клучните проблеми, кои беше незамисливо дека ќе се решат, како повеќедеценискиот црковен проблем или дека ќе добиеме зелено светло за почеток на преговори со ЕУ, се решија, нагласи Петров.

Петров додадека дека има простор за подобрување, пред се во борбата со корупцијата, работата на администрацијата, но за сето тоа да биде има еден услов кој е насушна потреба на македонските граѓани и кој се вика Европска унија.

Во врска со проширувањето на влдејачкото мнозинство со Алијанса, Петров истакна дека тие се ориентирани кон ЕУ, немаат дилема дека главен стратешки партнер на државата е САД и според тие определеби треба да бидат во владата.

Идејата на проширувањето со Алијанса е да се направи поефикасна активност во парламентот во носењето на законите, не можеме да бидеме заложници на едно деструктивно однесување, како и чекор по чекор да се оформува еден општествен фронт кој државата ќе ја турне напред кон ЕУ, рече Петров.

Членот на ИО на СДСМ Анреј Петров нагласи дека за тоа е потребен општествен консензус, вклучително и со опозицијата.

За да се дојде до тоа треба сите сили коишто немаат дилема кој е интересот на државата да застанат заедно, вклучително и Алијансата на Албанците, која сепак е респектабилен партнер, којашто има голема пратеничка група во парламентот и има успешен градоначалник, истакна Петров.

Ние, како партија би сакале и Алтернатива да остане дел од владејачкото мнозинство. Ние сме принципиелни како партија, сакаме Алтернатива да ја сочуваме како коалиционен партнер, имаме голема почит кон претседателот на партијата Гаши, меѓутоа за да има успех секој треба да направи некој компромис, нагласи Петров, додавајќи дека треба да се има разбирање дека ресорите и институциите поврзани со функционирањето на државата, и значајни во делување на системот како МВР, одбрана УЈП, царина, се нешто кое ќе продолжи да го раководи СДСМ како носечка владеачка партија.

Во врска со уставните измени, Петров нагласи дека внесувањето на Бугарите е интерес на Македонија.

Ние сме посебен народ со посебен јазик што е документирано сега и со договорот за Фронтекс, потпишан на македонски јазик. Ние не можеме да бидеме територија на Бугарија, бидејќи сме независна држава, што е бетонирано со нашето членство во НАТО, бидејќи никој не може да чепне ниту педа од македонската територија, со влегувањето во Уставот на некој народ, несвосмислено се кажува дека тоа се различни народи и тоа е пред се наш интерес. Нема аргумент против ако со тоа се оставрува стратешкиот интерес, истакна Петров.

Тој нагласи дека на изјави на шарлатани, кои прават штета не треба да им се обрнува внимание.

Ако се појави во државата тој треба да биде соочен со законите на држава, на ист начин како и секој друг граѓанин на Македонија. Доколку го прекрши законот, уште на Страцин кај што е полицијата треба да биде задржан 24 часа, па после нека го земаат со авион назад, рече Петров, нагласувакќи дека одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев, ќе биде организирано спрема највиоските безбедносни стандарди.

Петров додаде дека зачестените провокации покажуваат дека некој е сериозно загрижен дека Македонија стана членка НАТО и некој е сериозно загрижен од навестената можност дека во 2030 година може да станеме членка на ЕУ.

Тоа ќе го сториме ако бидеме паметни и работиме брзо и изградиме консензус меѓу себе и со опоцииајта и со другите чинители во општеството. Одговорноста не е на една влада, на еден премиер, не е ни една генерација, но ваквите провокатори треба да ги тргнеме на страна, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во вестите на Сител телевизија.