АНДОНОВ : МИЦКОСКИ ДЕЛУВА КАКО НЕСЕРИОЗЕН ШАЛАБАЈЗЕР

0
895
  • Изјавите коишто се слушаат од Мицкоски пред се се ад-хок донесени изјави кои јас поприлично несериозно ги разбирам бидејќи во основа се и несериозни. Тоа се изјави кои го квалификуваат однесувањето на Мицкоски како ,,One man show” бидејќи ви тврдам дека нити имало извршен комитет нити потврда околу некои одлуки со кои такви кои што Мицкоски ги дава се како партиски став и здрава политичка логика со запознавање на членството и потврдени на ИК.

    Ќе бидам директен и безобразен дури, ќе кажам лаже затоа што нити имало извршен нити централен комитет да се верификува одлуката за иднината на Македонија не само на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов во студиото на ТВ24.