Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

АНДОНОВСКИ : ОВАА ТАЈНОСТ НА УКРАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ Е ПРВПАТ И ЛАНИ БЕШЕ ИСТО

„Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е прв пат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата“, рече Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје во гостување на телевизија Алфа.

Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот.

„И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето“, рече Андоновски.Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот.

„Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини 100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки имаме, а за буџетот има можност за амандмани“, рече Андоновски.

Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот.„Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам“, кажа Андоновски.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ