АНДОНОВСКИ : МИНИСТЕРСТВОТО НА ГРУБИ ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА

0
149

Веќе е навлезено во дискусија за програмските и кадровските решенија, не споделуваме детали за да останеме чесни кон нашите партнери од коалицијата а и тие се чесни кон процесот. Не можам да кажам кои ресори, кадри, министерства иако секој би можел да има свој сопствен став на оваа тема. Да оставиме простор навистина да се направи договор кој ќе е квалитетен, рече вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што ние се обидуваме да го правиме е да постигнеме поширок консензус за некои национални прашања и да стигнеме до тие потребни 80 пратеници за битни промени на законите кои се системски и бараат двотретинско мнозинство што значи дека дискусии ќе има и со други политички партии или пак поедини пратеници во собранието кои би биле заинтересирани за поединечни законски проекти – рече тој во интервју за РСЕ.

Според него, станува збор за законски проекти кои се национално ниво и од национално значење.-Во нив многу често ќе видите и реформи кои ги бара и ЕУ, а се двотретински закони. Тука зборувам и за правосудство и за организација на управата и за реформа на јавната администрација и бројни други закони. Мислам дека е чесен пристапот да не барате пратеници кои се ќе ви поддржуваат туку да барате пратеници кои ќе сакаат да се вградат во процесот и да дадат свои критики и забелешки и ако тие критики се легитимни и се прифатат тогаш ние би гласале и би го поддржале тој проект – рече Андоновски.

Тој посочи дека во идната влада веројатно нема да нема да постојат прв и втор вицепремиер. -Планираме една мала реконструкција во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и мислам дека во оваа насока граѓаните ќе бидат навистина задоволни. Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“ кога знаеме дека се ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем.

Тоа е таа поделба на власта кај нас која постои и е на три дела. Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија. Треба да има човек во Влада кој ќе се грижи за политички систем, но тоа да има една поширока димензија, а не ресорски со сектори и мислам дека оперативно ќе почне да работи ова министерство во смисла за правата на сите заедници – рече Андоновски.