АНДОВ ЗА КАМЧЕВ : ВО ЗАТВОРОТ ПОСТОИ КУЌЕН РЕД И НЕМА ПРИВИЛЕГИРАНИ ,,’ГОСТИ’ БЕЗ РАЗЛИКА КОИ СЕ И ШТО СЕ

0
521

„Немам намера да ги коментирам изјавите и ставовите на адвокати. Тоа си е нивна работа што ќе кажуваат. Институциите си ја вршат својата работа. Во затворот постои „куќен ред“ и нема привилегирани без разлика кои се и што се, изјави за „24 Инфо“, Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ по денешната прес-конференција на член на раководството на ВМРО ДМПНЕ, Тони Менконовски кој е бранител на притворениот бизнисмен Орце Камчев.

Иако причина за прес конференцијата беше фамозната белешка од АНБ и нејзино интерпретирање од страна на Јавниот обвинител за организиран криминал, Вилма Рускоска, Менкиновски не ја пропушти прилика уште еднаш да се наврати на веќе изнсените обвинувања во јавноста дека неговиот клиент Камчев во притворското одделение во затворот „Скопје“ познат како „Шутка“ пет дена не добивал вода ниту за пиење, ниту за технички потреби !?

На ваквите обвинувања тогаш се огласија од „Шутка“ да ги демантираат прозивките упатени на нивна адреса, а за повторените „приказни“ немаат што да додадат.

-Кажавме тогаш и сега ќе повторам дека чиста вода за пиење и за технички потреби има во сите затворски одделенија, па и во тоа каде престојува Камчев. Како сите притворени лица така и тој има период во денот кога излегува на прошетка во кругот на затворот. Во посета на затворот беа Народниот правобранител и од Хелшинскиот комитет и се уверија дека се почитуваат основните човекови права на лицата кои се сместени во затворските одделенија – додава Андов.