Ангелов: Суровоста кон Љубе Бошкоски не е нормална и таа мора да биде казнета

0
914

timthumb.phpПо денешната прес – конференција на Специјалното јавно обвинителство, со реакција за случајот „Тортура“ излезе и претседателот на партијата „Достоинство“ – Стојанче Ангелов. Тој вели дека таква суровост како при апсењето на Бошкоски не е нормална, а на Специјалното обвинителство му честиташе за покажаната професионалност и храброст.

-Тоа докажува дека правдата иако е спора, таа е извесна и се надеваме дека ќе ги стигне виновниците кои животински се изживувале врз нашиот брат Љубе Бошковски. .

Специјалното обвинителство денеска објави дека отворена е истражна постапка против екс шефот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на специјалната единица „Алфа“, кои се осомничени за мачење, сурово и нечовечно постапување при апсењето на Љубе Бошковски за случајот „Кампања“.

За седумтемината осомничени за спектакуларно апсење на Бошковски СЈО не побара притвор. Издадена е само предлог – мерка на претпазливост за оние осомничени кои се уште работат во Министерството за внатрешни работи.