АНГЕЛОВ: ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ КОИ ГИ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ, И ПРЕДЛОЖИВМЕ НА ВЛАДАТА ДА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА НА ТЕРИТОРИЈА НА ЦЕЛА ДРЖАВА!

0
208

Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и и’ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена.

Раководител на група за процена

Стојанче Ангелов