АНБ ИМ ЈА ЗАТВОРИ УСТАТА НА КАЛАЈЏИЕВ И ДАГАУ ГЕРО : Согласно надлежностите го информиравме ОЈО за активности за бегство на Камчев во странство

0
2260

Агенцијата за Национална безбедност (АНБ) информира дека во случајот со определување на мерката притвор за Јордан Камчев на 14.03.2021 година, во рамки на своите надлежности согласно член 6, а во врска со член 4 од Законот за АНБ, доставило до надлежното Јавно Обвинителство информација за добиени сознанија за преземени подготвителни активности за бегство на именуваниот во странство, поврзани со тековните постапки кои Обвинителството ги води против него.

Согласно наведените одредби, доколку постојат основи на сомневање дека се подготвува, организира или е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, стои во соопштението од АНБ, Агенцијата е должна веднаш да го извести надлежното Јавно обвинителство.

– Со оглед на тоа што против именуваниот се води истражна постапка, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело од член 273 од Кривичниот законик, надлежното Јавно Обвинителство достави предлог за определување мерка притвор, а судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се појаснува во соопштението од АНБ.